Муцунски – Хукер: Стратешкото партнерство со САД е значаен придонес за стабилноста во регионот

Макфакс

31/08/2026

18:40

193

Големина на фонт

а а а

Министерот Тимчо Муцунски се сретна со потсекретарот Алисон Хукер на Бледскиот стратешки форум, каде што беше потврдено цврстото стратешко партнерство меѓу Македонија и САД, со фокус на енергетската безбедност, регионалната поврзаност и унапредување на економската соработка, како и сојузништвото во НАТО за стабилност во регионот.

На маргините на Бледскиот стратешки форум, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со потсекретарот за политички прашања во Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави, Алисон Хукер.

„На средбата беше потврдено високото ниво на билатералните односи и цврстото стратешко партнерство меѓу двете земји, како и заедничката определба за негово натамошно продлабочување и проширување во областите од заемен интерес. Соговорниците разговараа за енергетската безбедност, регионалната поврзаност, како и за натамошното унапредување на економската и трговската соработка. Воедно, беа разменети мислења за актуелните безбедносни предизвици и состојбите во рамките на НАТО“, соопштија од Министерството.

На средбата било нагласено дека стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави и сојузништвото во Алијансата претставуваат значаен придонес кон колективната безбедност, стабилноста и отпорноста на регионот.