[ВИДЕО] Шок во Њујорк: Ѓоковиќ елиминиран на стартот на Ју-Ес Опен

Дерби

31/08/2026

07:39

456

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ не успеа да го победи Маријано Навоне во првата рунда на Ју-Ес Опен и доживеа големо разочарување на престижниот турнир во Њујорк.

За српскиот тенисер ова е еден од најтешките порази и најголемите разочарувања досега, иако доаѓа во финишот на неговата кариера и на меч на кој се мачеше со повреда на грбот.

За тоа колку големо изненадување е поразот, говори и фактот што Новак последен пат загубил во прво коло на грен-слем пред 20 години.

Дуелот траеше повеќе од четири часа, Ѓоковиќ не сакаше да го предаде и покрај тоа што имаше очигледни болки, а Аргентинецот го доби со 3:2 во сетови.

Навоне поведе преку тај-брејк, Ѓоковиќ возврати со пресврт за 2:1 во сетови, но во продолжение не можеше да му парира на помладиот ривал.

Навоне ги доби следните сетови со 6:2 и 6:1 и на тој начин стигна до најважната победа во досегашната кариера.