Кај 57-годишник пронајдени два пиштоли и куршуми

Макфакс

30/08/2026

18:25

78

Големина на фонт

а а а

Полицијата од СВР Тетово уапси 57-годишен маж од Жилче по пријава за пукање со пиштоли и пронаоѓање куршуми во дворот од викенд-куќа, при што осомничениот бил под дејство на алкохол.

Полициски службеници од СВР Тетово синоќа го лишиле од слобода 57-годишниот К.Д. од тетовското село Жилче, по пријава за пукање со огнено оружје.

Како што информираат од полицијата, на 29 август во 23:40 часот, при преземените мерки во дворот на викенд-куќа биле затекнати четири лица. Кај К.Д. биле пронајдени два пиштоли и поголема количина куршуми, додека во дворот биле констатирани и траги од истрели.

При извршените проверки било утврдено и дека 57-годишникот бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,63 промили алкохол во крвта.

К.Д. е лишен од слобода и задржан, а по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.