Статијата ги опишува настаните околу пожарот на двокатен автобус на ЈСП на Водно, каде што брзата реакција на возачот спречила поголема штета и проширување на огнот кон околната шумска површина.
Нови детали за пожарот на двокатниот автобус на ЈСП кај Видиковецот на Водно покажуваат дека брзата и совесна реакција на возачот спречила огнот да се прошири кон околната вегетација.
Според информациите, пожарот започнал откако се запалила електричната инсталација на автобусот.
Нема повредени лица во пожарот што избувна денеска во автобус на ЈСП „Скопје“ без патници, кој сообраќал на Средно Водно.
Пожарот е изгаснат со интервенција на две возила и седум пожарникари од Скопската бригада за противпожарна заштита.- Благодание брзата реакција и присебноста на возачот кој го паркирал на соодветно место, пожарот не се проширил во околината, изјави Ѕвонко Томевски, командир на Противпожарната бригада на Град Скопје.








