Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван во јужниот дел на Албанија, со епицентар близу Химара, но без информации за материјална штета.
Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран 35 минути по полноќ во јужниот дел на Албанија.
Епицентарот на потресот бил на шест километри северо-западно од познатото приморско гратче Химара, на длабочина од пет километри и е почувствуван и во соседните градови.
Освен вознемиреност кај жителите и туристите, нема информации за предизвикана материјална штета.








