Невремето го одложи големиот концерт во Крива Паланка: Лепа Брена, Слаткар и Ацо Пејовиќ вечерва на сцената

Макфакс

30/08/2026

11:28

213

Големина на фонт

а а а

Силно невреме ја одложи концертната програма во Крива Паланка од 29 на 30 август, со цел да се направи безбедна проверка на техничката опрема и да се заштитат публиката и артистите како Лепа Брена, Слаткар и Ацо Пејовиќ.

Силно невреме вчера ја зафати Крива Паланка, оставајќи последици поради кои организаторите одлучија да го одложат планираниот концерт.

Од Општина Крива Паланка информираа дека поради последиците од невремето е потребна целосна проверка на сценската и техничката опрема, како и нејзино безбедно ставање во функција.

Поради тоа, концертот наместо вчера ќе се одржи денеска, 30 август, на Градскиот стадион во Крива Паланка. Времето останува непроменето, односно концертната програма ќе започне во 20:00 часот. Одлуката е донесена пред сè поради безбедноста на публиката, изведувачите и сите лица ангажирани во организацијата.

Од Општината им се заблагодарија на граѓаните и посетителите за трпението, разбирањето и поддршката, со порака дека сите дополнителни информации ќе бидат објавувани преку официјалните канали.

На своите профили на социјалните мрежи, Слаткар, Лепа Брена и Ацо Пејовиќ објавија видеа во кои ја информираа публиката дека тие биле спремни да настапат, но поради последиците од невремето, концертот во Крива Паланка се одложува за утре, 30 август.