Во изминатите три дена се извршени 1621 сообраќаен прекршок од страна на полицијата низ целата држава, при што 43 лица се лишени од слобода за безобѕирно возење. Активностите вклучуваат казни за брзо возење, возење без дозвола и други прекршоци поврзани со безбедноста на патиштата.
Во текот на изминатите три дена (24/25/26.08.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 1621 издадени платни налози, 456 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР.
„Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 43 лица, од кои двајца за возење под дејство на алкохол, 20 за возење без возачка дозвола, двајца поради претходно изречена забрана за управување со возило.
Во истиот период одземени се 19 возила по член 300-б од Кривичниот законик.
Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатите три дена евидентирани се 385 прекршоци за неправилно паркирање, како и 28 санкции за возење под дејство на алкохол.
Од друга страна пак, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 159 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем. Исто така санкционирани се 105 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 17 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а седум заради техничка неисправност. Санкционирани се и четири возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, соопшти МВР.








