Песков: Одговорот на Русија на нападите врз инфраструктурата ќе биде суров

Макфакс

27/08/2026

11:20

85

Големина на фонт

а а а

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, најави дека Русија ќе има суров одговор на украинските напади врз нејзината економска и трговска инфраструктура, но дека не се планира воена ескалација бидејќи руските сили напредуваат на терен.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија ќе одговори „остро“ на украинските напади врз нејзината економска и трговска инфраструктура.

„Украина се обидува да ја нападне нашата економска и трговска инфраструктура, предизвикувајќи одмазднички акции од наша страна, а тој одговор ќе биде суров“, изјави Песков за Блумберг.

Тој оцени дека на Русија не ѝ е потребна никаква „воена ескалација“ во Украина, наведувајќи дека руските вооружени сили веќе напредуваат, пренесува Танјуг.

„Ако зборувате за воена ескалација, едноставно не ни е потребна бидејќи така и така одиме напред“, рече портпаролот на Кремљ, пренесе ТАСС.