Оваа држава заработува 25 милијарди евра само од „TikTok“: Нејзината култура го освои светот, а популарноста на социјалните мрежи сѐ повеќе ја полни државната каса

Точка

27/08/2026

11:16

937

Големина на фонт

а а а

Извештајот на TikTok и Kearney покажува дека платформата го зголемува интересот за K-културата и купувањето корејски производи.

Во наредните години, TikTok би можел да има сè поголемо влијание врз јужнокорејската економија, а се проценува дека неговиот економски придонес би можел да достигне 40,6 трилиони вони до 2030 година, или околу 25 милијарди евра.


Според извештајот објавен од TikTok и глобалната консултантска компанија Kearney, клучна улога во ова игра промоцијата на јужнокорејската култура, позната како „K-култура“, која наоѓа публика низ целиот свет преку платформата.

Истражувањето опфати 3.300 потрошувачи на возраст од 16 до 49 години од десет земји и анализираше како заедницата на корејски фанови на поп-музиката на TikTok влијае врз локалната економија и различните индустрии.

„TikTok не само што го зголемува глобалниот интерес за K-културата, туку во голема мера придонесе и за самото купување производи поврзани со K-културата“, изјавил Чунг Тае-хван, партнер во јужнокорејската филијала на Kearney.

Резултатите од анкетата покажуваат дека 88 проценти од испитаниците посочиле дека TikTok им помогнал да ја откријат корејската култура, додека 69 проценти рекле дека нивниот интерес за неа се зголемил по користењето на платформата.


Влијанието може да се види и преку потрошувачката. Повеќе од половина од испитаниците, односно 55 проценти, посочиле дека купиле корејски производ откако гледале содржина поврзана со корејската култура на TikTok.

Според проценките од извештајот, економското влијание на TikTok врз Јужна Кореја е 31,3 трилиони вони оваа година и се очекува да порасне за 29 проценти на околу 40,6 трилиони вони до 2030 година.

Конвертирано во евра, ова претставува зголемување од приближно 19 на 25 милијарди евра.