Шасивари: Инфраструктура што поврзува, развива и отвора нови перспективи

Макфакс

26/08/2026

17:20

60

Големина на фонт

а а а

Министерот за правда Јетон Шасивари го означи почетокот на градежните работи на автопатот Скопје–Блаце, потенцирајќи ја важноста на новата инфраструктура за подобрување на поврзаноста, економскиот развој и регионалните врски меѓу Македонија и Косово.

Министерот за правда Јетон Шасивари присуствуваше на настанот по повод почетокот на градежните работи за изградба на автопатот Скопје–Блаце.

„Овој автопат значи многу повеќе од нова патна инфраструктура. Подобра поврзаност, побрзо движење на луѓето и стоките, поголема безбедност и нови можности за економски развој.

Автопатот Скопје–Блаце ќе ја подобри поврзаноста на Скопје и Македонија со Косово и ќе придонесе за посилни економски и регионални врски.

Инвестициите во инфраструктурата се инвестиции во иднината – во подобра мобилност, развој на бизнисите и поконкурентен регион.

Чекор по чекор, градиме подобра поврзаност и нови перспективи за граѓаните, стои во соопштението од министерството за правда“.