Стојанче Ангелов информира дека пожарот на кавадаречката депонија излегол од контролa и зафатил околна вегетација, при што пожарникарите заедно со механизација се обидуваат да го стават под контрола.
Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, извести дека е подметнат пожар на кавадаречката депонија.
Како што изјави тој, огнот излегол надвор од депонијата, ја зафатил околната сува вегетација, а од другата страна веќе навлегол во дрвјата.
„Тука на лице место се кавадаречките пожарникари, коишто се обидуваат да воспостават контрола. Градоначалникот Митко Јанчев беше овде, испратена е механизација со којашто ќе се обидат пожарникарите да направат противпожарни пресеки. Ситуацијата е доста алармантна, наоколу има доста лозја и дрвја“, изјави Ангелов.








