Тешко повредено тригодишно дете во лифт во Радишани

Макфакс

25/08/2026

14:40

187

Големина на фонт

а а а

Тригодишно девојче од Радишани е тешко повредено во лифт во станбена зграда. Случајот е пријавен во МВР и се преземаат мерки за расчистување на инцидентот.

Тригодишно девојче со тешки повреди здобиени во лифт во зграда во Радишани е пренесено во болница.

Според информациите на МВР, вчера Е.З.(30) од Скопје пријавила дека на 22 август околу 18:15 часот, додека таа и нејзините деца биле во лифт од станбена зграда на подрачјето на Радишани, вратата од лифтот ненадејно се отворила и затворила, при што нејзината тригодишна ќерка била повлечена и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.