Ана Сасо е поранешна Мис Југославија, а сега, на 64 години, оваа убавица сè уште може да се пофали со затегнато тело и младешки изглед.
Поранешната мисица и југословенска убавица, Ана Сасо (63), објави видео од морето каде што ужива во бикини, па јасно е зошто многу од мажите воздивнуваат по неа исто како и во текот на младоста. Познатата Пипи, како што ја нарекуваа поради популарноста во рекламата за истоимениот сок, ги плени социјалните мрежи со својот изглед.
Ана носела црно бикини и самоуверено позирала на карпите, во плитките води, а ја покажала и колекцијата летни фустани што ги има оваа сезона.
Иако во текот на осумдесеттите години од минатиот век важеше за секс симбол на Југославија, Ана денес не е толку застапена во јавноста, но тоа не значи дека нешто се променило. Дури и во седмата деценија од животот, таа е сè уште неодолива.
Со оглед на тоа што ги исклучила коментарите под некои од објавите, обожавателите не можеле да го искажат своето воодушевување, но таму каде што им било дозволено, пишуваа дека е поубава и пожешка од кога било.
Ана Сасо ја освои титулата Мис Југославија во 1982 година, а подоцна се пласираше меѓу 15-те најубави жени во светот. Поради нејзината убавина, таа доби и улоги во филмови, но како што секогаш велеше ги одбила, бидејќи не сакала да се снима топлес.















