Тиктокерката Емили Хасвел стана вирална откако објавила видео во кое пробува необичен тексас-комбинезон од брендот „Free People“. Снимката за кратко време собрала повеќе од 12 милиони прегледи, а причината за нејзината популарност е духовитата реакција на кројот, за кој се пошегува дека ѝ дал изглед на „огромни панталони што одат“.
„Јас сум панталони“
Видеото започнува со нејзино обраќање до следбениците.
„Здраво! Мислевте дека сум долниот дел од некој фармер? Не грижете се, тоа сум само јас, Емили, и го носам ова. Ова е тексас-комбинезонот ’Алоха Лола'“, рече таа на почетокот.
Потоа покажа како изгледа во него и веднаш се пошегува на сметка на кројот. „А како изгледам? Веднаш ќе ја решиме таа дилема. Изгледам како панталони. Јас сум панталони. Јас сум панталони“, рече Хасвел.
Во продолжение, преку низа споредби, објасни на што сè ја потсетува необичното парче облека.
„Изгледам како пет пријателки опседнати со филмот ’The Sisterhood of the Traveling Pants‘ да се подготвуваат за премиерата. За Беки да не се чувствува изоставено, ѝ рекле: ’Ти биди фармерките, а не Беки. Фармерките се ѕвездата на филмот. Ќе биде преслатко‘“, се пошегува таа.
Додаде и дека изгледа „како Левис да добил нова, морничава маскота“ или како нејзината ќерка, која секое утро сама се облекува и само објавува: „Подготвена сум“. „Не ја поправам. Премногу се плашам од неа“, додаде низ смеа.
Од мајчинство до состанок со кошаркар
Хасвел во видеото продолжи со споредбите и се пошегува на сметка на искуствата низ кои поминуваат многу жени.
„Изгледам како да постои куќа на стравот со луѓе кои ги претставуваат тешките моменти во животот на една жена. Јас би била купување фармерки по породувањето. ’Имавте итен царски рез? Облеката никогаш повеќе нема да ви стои како порано. Добредојдовте во мајчинството‘“, рече таа.

Една од нејзините споредби се однесуваше и на девојка која се обидува суптилно да им даде до знаење на пријателките дека излегува со висок спортист.
„Изгледам како девојка која се обидува суптилно да им покаже на пријателките дека е во врска со кошаркар. Се појавува на појадок облечена во ова и вели: ’Извинете, да, само преспав кај дечко ми. Знам дека сè уште не сте го запознале, но тој е, знаете, навистина висок… ‘“, опиша таа.
Враќањето не е можно
Хасвел објасни и зошто во видеото не ја покажала задната страна на комбинезонот.
„Ако се прашувате зошто не се свртев, причината е што го купив мислејќи дека ќе можам да го вратам, како и сè што купувам за овој серијал. Потоа сфатив дека враќањето не е можно. Веројатно станува збор за проколнат предмет што не сакаат повторно да им се врати во продавницата“, рече таа.

Додаде дека комбинезонот ѝ бил премал, па морала да го преправи. „Кога пристигна, сфатив дека е многу, многу премал, па целосно го расеков на грбот и сега го носам така. Затоа имам и ремен, постојано ми велите да ставам. Еве го ременот, луѓе“, објасни таа.
Видеото го заврши со ненадеен извик: „Ох, чувствувам дека пука“.
Шеги во коментарите
Снимката предизвика бројни коментари, а многумина продолжија во истиот шеговит тон. „Кој ги носи панталоните во оваа врска?“, напиша еден корисник. „Замислете некој да ви каже дека ви е отворен шлицот“, додаде друг.

Меѓутоа за разлика од виралното видео, на официјалната веб-страница на брендот „Free People“, комбинезонот е прикажан на манекенка во поинакво издание.

Фотографиите покажуваат дека има многу широки ногавици и отворен грб, поради што на манекенката изгледа значително поинаку отколку во хумористичната рецензија на Хасвел.














