Утре сончево и многу топло, максималните температури до 41 степен, од недела заладување

Макфакс

21/08/2026

18:00

150

Големина на фонт

а а а

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со максимални температури до 41 степен, но од недела се очекува постепено заладување со локална нестабилност и појава на пороен дожд и грмежи.

Времето утре, сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.

Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 35 до 41 степен.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Времето во наредните денови

Од недела и во следните денови температурата ќе биде во постепено опаѓање. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град.