Кривична пријава за мачење животни, со ловечка пушка застрелал куче

Макфакс

21/08/2026

14:40

167

Големина на фонт

а а а

Жител од Центар Жупа е под кривична пријава поради мачење животни откако со ловечка пушка застрелал куче во селото Долгаш.

Жител од Центар Жупа пукал со пушка кон кучиња и погодил едно од нив. Против него е поднесена кривична пријава.

Според информациите на МВР, поднесена е кривична пријава против Ф.И.(68) од селото Долгаш, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“.

На 29.05.2026 во 18.30 часот, тој со ловечка пушка пукал кон група од повеќе кучиња скитници во селото, при што усмртил едно од нив.