Пријава за 61-годишен маж, сексуално вознемирувал продавачка во тетовско

Макфакс

21/08/2026

14:40

196

Големина на фонт

а а а

Пријавен е 61-годишен маж од селото Желино, кој повеќе од еден месец секојдневно сексуално вознемирувал жена вработена во продажен објект во тетовско.

Полицијата поднесе кривична пријава против 61-годишен маж кој секојдневно сексуално вознемирувал продавачка во тетовско Желино.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(61) од село Желино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полово вознемирување“.

Додека жртвата била на работно место во продажен објект, пријавениот повеќе од еден месец секој ден кога била сама влегувал внатре и ѝ зборувал недолични работи.