ВМРО-ДПМНЕ: Филипче со потсмев ја поздрави одлуката на Абази

Макфакс

21/08/2026

14:30

147

Големина на фонт

а а а

Во текстот се опишува како ВМРО-ДПМНЕ ја критикува работа на правосудниот систем во случајот со модуларната болница и одлуката на обвинителот Ислам Абази, посочувајќи на неказнивост на одговорните и вмешаноста на политичките партии СДС и ДУИ.

Пет години се чуваше по фиока и фаќаше пајажина предметот, како и доказите за модуларната болница, во која изгореа 14 наши сограѓани, а директниот виновник Венко Филипче не беше повикан ниту на разговор, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Толку треба да знаете за нашиот правосуден систем, кој е ставен директно во одбрана на неговите наредбодавци, односно СДС и ДУИ. Предмет во кој живи горат 14 лица, да заврши без истрага е скандал од невидени размери. Абази премижа и на менувањето на Законот за градење, премижа и на немањето на елаборат за електрична енергија, премижа и за немањето на минимум технички спецификации. Премижа се, за Филипче да биде ослободен. Затоа, денес Филипче со потсмев ја поздрави 'одлуката' на Абази која тој веќе некое време ја знаел. Шефот на ОЈО ГОКК во заминување, Ислам Абази, ја заврши својата работа за која што беше поставен, а таа е заштита на поранешни функционери на СДС и ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.