Мицкоски: Повеќе од 12 милиони евра се инвестираат во Општина Прилеп за капитални проекти

Макфакс

21/08/2026

12:40

149

Големина на фонт

а а а

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во Општина Прилеп се инвестираат повеќе од 12 милиони евра за капитални проекти кои ќе го подобрат квалитетот на живот на жителите, како дел од проектот за децентрализацијата и локални инвестиции.

Мицкоски: Повеќе од 12 милиони евра се инвестираат во Општина Прилеп за капитални проекти

Мицкоски: Повеќе од 12 милиони евра се инвестираат во Општина Прилеп за капитални проекти, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, на денешната посета на Општината.

„Овие проекти се многу значајни за сите општини во Македонија. Ова што го кажа градоначалникот на Прилеп, но и потпретседателот на Владата и министер за транспорт дека со овие проекти додаваме вредност и го зголемуваме квалитетот на живот е вистина бидејќи имаме повеќе од 1.200 градилишта коишто се резултат на проектот за децентрализација на средства од централниот буџет кон општините. Во оној неврзан муабет со градоначалникот бев информиран дека повеќе од 12 милиони евра се проектите коишто од страна на Владата се финансираат во Прилеп преку оваа програма. И кога на тоа ќе се додадат и средствата коишто Општина Прилеп ги издвојува како средства за капитални инвестиции, плус други програми коишто доаѓаат од другите министерства надвор од оваа програма, тогаш доаѓаме до една огромна бројка и огромна бројка на проекти коишто ќе имаат за задача да го подобрат квалитетот на живот во Прилеп“, рече Мицкоски.