Лажен лекар измамил жена во Пробиштип: побарал 2.500 евра за операција

Макфакс

20/08/2026

14:40

216

Големина на фонт

а а а

Жена од Пробиштип била измамена од лажен лекар кој побарал 2.500 евра за наводна операција на нејзината внука. Надлежните органи поднеле кривична пријава против лицето кое се претставувало како доктор.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против М.М.(23) од Штип.

Тој се сомничи за сторено кривично дело „измама“.

Имено на 03.06.2026 пријавениот измамил жена од Пробиштип за сума од 2.500 евра, претставувајќи се како лекар, кој наводно требало да направи интервенција на нејзината внука за лажна тешка телесна повреда при пад.