АВМУ: Одлуките ги носиме исклучиво согласно закон и утврдени процедури

Макфакс

20/08/2026

13:40

156

Големина на фонт

а а а

АВМУ реагира на обиди на политички партии да ја политизираат нејзината работа и потврдува дека сите одлуки ги носи строго според закон и утврдени процедури, обезбедувајќи транспарентност и независност во медиумскиот простор во земјата.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) реагира на, како што велат, обидите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија да го доведе постапувањето на Агенцијата во конкретни предмети во контекст на дневно-политички интереси.

АВМУ, потенцираат од таму, постапува исклучиво врз основа на надлежностите и во рамките на постапките утврдени со закон.

„Пред секоја промена на сопственичка структура на радиодифузер, тој е должен да достави известување за промена на сопственичката структура и воедно да достави соодветна документација. По приемот на известувањето, Агенцијата ја проверува документацијата и нејзината усогласеност со закон и во рок од 30 дена донесува одлука дали промената ќе биде одобрена или одбиена.

Законскиот застапник на Радиодифузното друштво Наша ТВ ДООЕЛ Скопје и Трговското радиодифузно друштво РФМ ДООЕЛ Скопје, достави барање за промена на сопственичката структура на 29 јуни.

Заради целосно утврдување на сите факти и околности релевантни за предметите, како и обезбедување на сите информации потребни за законито, правилно и објективно одлучување, Советот на Агенцијата го продолжи рокот за одлучување за дополнителни 30 дена. Во овој период, Агенцијата продолжува со проверка на доставената документација и со прибирање на потребните информации од надлежните институции. Постапките по барањата се во тек.

Одлуките на АВМУ, како што појаснуваат, се носат врз основа на утврдените факти и исполнувањето на законските услови и прописи, а не, како што велат, врз основа на шпекулации, претпоставки или политички обвинувања.

Агенцијата ги повикува политичките субјекти да не ја политизираат и да не ја користат работата на независниот регулатор за сопствени политички интереси.

„АВМУ и натаму ќе ги извршува своите законски надлежности професионално, независно и транспарентно, во интерес на обезбедување слободен и плуралистички медиумски простор во земјава“.