На граничниот премин Табановце се создаде голема гужва бидејќи странски возачи чекаат да платат казни за прекршоци снимени со камерите на системот „Безбеден град“. На возачите се советува да ги почитуваат сообраќајните правила, особено ограничувањата на брзината, заради зголемениот надзор покрај граничните премини.
Гужва на Табановце на граничниот премин помеѓу Македонија и Србија
На граничниот премин Табановце помеѓу Македонија и Србија, денес имало редици од странски возачи кои чекале да платат казни за сообраќајни прекршоци снимени со камерите на „Безбеден град“.
View this post on Instagram
На возачите што патуваат низ Македонија до Грција или се враќаат од Грција им се препорачува да обрнат посебно внимание на ограничувањата на брзината, бидејќи камерите на системот „Безбеден град“ ги контролираат и главните транзитни правци низ земјата.












