Полицијата заедно со други институции спроведе акциска контрола во златарница во Гостивар, при што беше пронајден златен накит без соодветен жиг, со вредност од речиси 87.000 евра.
Вчера во периодот од 11:30 до 21:05 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар, во содејство со Царинската управа, Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат, спровеле акциска контрола во златарница во центарот на Гостивар, сопственост на Ќ.М.(64) од Гостивар.
При контролата, поради непријавување односно немање соодветно обележје (жиг) на златото, Државниот пазарен инспекторат од вработениот З.М.(59) одзеде еден килограм и 327 грама златен накит, со проценета вредност од околу 86.959 евра за понатамошна постапка која ќе ја води Државниот пазарен инспекторат.








