[ВИДЕО] Орце закасни со прскањето против комарци и одговорност мора да има, вели Давчевски

Макфакс

19/08/2026

14:30

142

Големина на фонт

а а а

Кризата со западно-нилска треска во Скопје ескалира со повеќе случаи и жртви, а градоначалникот Орце Ѓорѓиевски е критикуван за задоцнетото дигање на мерки за прскање против комарци и справување со здравствената опасност.

„Во Скопје ескалира кризата со западно-нилска треска и состојбата е алармантна. Досега има 35 потврдени случаи, 4 починати лица, а 6 лица се на интензивна нега, во критична состојба. Скопјани повторно се жртви на неспособноста на човекот кој го избраа да биде нивниот заштитник – градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски“, вели Александар Давчевски, претседател на Градска организација на СДСМ.

„Наместо навремена превенција, навремена анализа и системска контрола на жариштата со комарците – градоначалникот и овој пат задоцни. Дури сега се сети дека треба да прска против комарци. Скопје е под опасада од заразни комарци – поради задоцнетите реакции на првиот човек на Градот.

Среде лето, граѓаните во грч излегуваат надвор, стравувајќи дека може да бидат заразени. Орце Ѓорѓиевски затаи кога најмногу требаше да делува.

Го немаше кога требаше навремено да се прска, пред вирусот да се прошири и пред граѓаните да почнат да заболуваат. Па што правеше?

Да не случајно го исчисти Скопје од ѓубре? Да не случајно ги обезбеди ветените автобуси за Скопјани? Да не случано го среди Градски парк после невремето од пред еден месец? Не, ништо од ова не е средено. Се занимаваше со билбордот со коњ со пет нозе, и со дрон го следеше загадувањето на реките во Скопје.

Кој ја плаќа цената? Цената ја плаќаат Скопјани со сопственото здравје и животи. Ова е истиот принцип на работа на целата власт на ВМРО: се доцни, се чека проблемот да прерасне во криза, па потоа се глуми дека се преземаа нешто.

Орце Ѓорѓиевски не ги заштити Скопјани од комарците! А требаше и мораше. За тоа треба и мора да се одговара, кога би имало институции кои постапуваат по закон“, изјави Александар Давчевски, претседател на Градска организација на СДСМ.