Мајка пријавила дека негувателка во градинка во Хром ја повредила нејзината ќерка

Макфакс

17/08/2026

16:00

154

Големина на фонт

а а а

Мајка пријавила случај на насилство во градинка во населбата Хром, каде негувателка физички ја повредила нејзината ќерка, што го предизвика отворање на истрага од страна на полицијата.

Мајка пријавила во полиција дека негувателка ја повредила нејзината ќерка во градинка во Хром.

Според информациите на МВР, вчера 36-годишна жена пријавила дека на 14 август, откако ја зела нејзината петгодишна ќерка од градинка на подрачјето на населбата Хром, таа ѝ кажала дека била удрена од негувателка, односно дека ја стиснала за ногата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

фото/Depositphotos