Познатиот актер на 55 години станува татко – неговата 17 години помлада сопруга е бремена: „Ќе бидам ужасен татко“, зборуваше, па се заколна дека не сака деца, а еве како сега реагира

Точка

14/08/2026

19:52

1.163

Големина на фонт

а а а

На 55-годишна возраст се подготвува за татковство. Кога пред деценија и пол го прашале за улогата на татко, не верувал дека би бил добар во тоа. Дали актерот Џон Хем го променил мислењето?

Џон Хем (55) и неговата сопруга Ана Осеола (38) го очекуваат своето прво дете. Актерот уште во март 2012 година во интервју за „Us Weekly“ изјавил: „Ќе бидам ужасен татко!“.

Во тоа време Хем беше во врска со актерката и режисерка Џенифер Вестфелд. Поранешниот пар одлучил да нема деца, за што таа зборувала за „The New York Times“ приближно во исто време кога актерот ја дал изјавата која и денес добро се памети.

„Многу размислував за ова во последно време. Никогаш не мислев дека ќе бидам на овие години, а да немам деца“, признала Вестфелд, која тогаш имала 42 години, па додала: „Но, и мојот живот тргна во милион правци кои никогаш не ги очекував“.


За врската што ја имала со познатиот актер и одлуката да нема деца, тогаш го истакнала следново: „Имаме прилично прекрасен живот заедно. Можноста дека ќе се каеме не ми изгледа како доволно убедлива причина да го направам тоа“.

Џенифер Вестфелд нема деца, а животот на Џон Хем му донесе пресврт. За потсетување, поранешниот пар се раздели во септември 2015 година, по 18 години врска.

„Со голема тага решивме да се разделиме по 18 години љубов и заедничка историја“, изјави поранешниот пар за „Page Six“ во заедничко соопштение и порача: „Ќе продолжиме да се поддржуваме на секој можен начин во иднина“.


Пред нивното раскинување, Вестфелд го поддржа својот поранешен партнер од актерската екипа на серијата „Mad Men“, кога во февруари 2015 година замина на едномесечна рехабилитација поради зависност од алкохол.

Извор неодамна изјавил за „Us Weekly“ дека Хем дефинитивно го променил мислењето за татковството.

„Џон порано имаше сосема поинаков став кон децата“, се наведува на споменатиот сајт. Инсајдерот тврди дека Осеола никогаш не вршела притисок врз својот сопруг да имаат деца, иако нејзината желба за мајчинство била јасна.

„Заедно дојдоа до точка во која и двајцата се чувствуваа подготвени да го направат следниот чекор. И двајцата се толку возбудени и навистина се чини дека сега е вистинското време за нив. Хем сега е подготвен и искрено се радува што ќе стане татко“, се нагласува.


Познатиот пар, кој се запознал на снимањето на „Mad Men“ во 2014 година, се венчаше во јуни 2023 година, по три години врска.

Во септември 2022 година, актерот воодушевено зборуваше за Осеола, велејќи му на Хауард Стерн во неговата емисија на „SiriusXM“ дека таа му помага да работи на себе.

„Таа ми отвори можности за многу работи, како брак, раѓање деца, знаете, дефинирање на нова верзија на среќата, животот, благосостојбата“, заклучил познатиот актер.