[ВИДЕО] СДСМ: Граѓаните на Гостивар чекаат Мицкоски и Клековски да се вратат од екскурзија

Макфакс

14/08/2026

12:20

204

Големина на фонт

а а а

Граѓаните на Гостивар повеќе од пет недели немаат пристап до безбедна вода за пиење, што доведува до здравствени проблеми и епидемија на жолтица. СДСМ обвинува за неспособност на власта предводена од премиерот Мицкоски и министерот за здравство, кои ги игнорираат проблемите во градот.

Граѓаните на Гостивар пет недели немаат безбедна вода за пиење, а според СДСМ, власта предводена од премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Азир Алиу покажала целосна неспособност во справувањето со состојбата.

На прес-конференција, Маја Борозан обвини дека околу 5.000 граѓани завршиле во болница со здравствени проблеми, а има и нови случаи и реинфекции.

„Среде лето, на пеколни температури, жителите на Гостивар сè уште, пет недели по ред, немаат безбедна вода“, рече Борозан.

Таа посочи дека гостиварчани се принудени да чекаат во ред за пластични шишиња со вода, додека, како што рече, институциите со недели најавувале дека проблемот ќе биде решен.

Од СДСМ тврдат и дека водата која сега се користи како техничка не е проследена со документ со кој се потврдува нејзината исправност.

Борозан го обвини Мицкоски дека ниту еднаш не го посетил Гостивар и дека испратил само неколку цистерни вода за целиот град.

„Од изјавите на Мицкоски и Клековски дека ‘многу брзо’ проблемот ќе биде решен, епилогот е – 5.000 затруени луѓе, реинфицирани случаи, болницата во Гостивар е затруена, пациенти се префрлаат во Тетово, има епидемија на жолтица, а нема медицински кадар“, изјави Борозан.

Таа додаде дека според најавите, следниот рок за решавање на проблемот е 20 август.

„Очигледно Гостивар чека Мицкоски и Клековски да се вратат од екскурзија“, рече Борозан, додавајќи дека дотогаш граѓаните ќе мора да продолжат да се снаоѓаат без безбедна вода.