Екс претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, во домашен притвор со банкарска гаранција од 500.000 евра

A1ON.MK

13/08/2026

17:11

420

Големина на фонт

а а а

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски, е пуштен од ефективен притвор и почетокот на судскиот процес ќе го чека во домашен притвор.

Оваа одлука на надлежниот суд следува откако Ѓорѓиоски депонираше банкарска гаранција во висина од 500.000 евра.


Со одлука на судот, мерката притвор му е официјално заменета со куќен притвор сè до стартот на судењето.


Во домашен притвор престојува и поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини, за кого претходно беше обезбедена гаранција од 1.000.000 евра.