[ВИДЕО] Капач панично бегал кон брегот, зад него се појавила „грдосија“ од 300 килограми: Присутните на плажата помислиле на најлошото сценарио

Точка

11/08/2026

19:12

488

Големина на фонт

а а а

Капачите на плажата Ел Анкон во шпанска Марбеља во саботата, 8 август, останале запрепастени кога во близина на брегот се појавила голема туна тешка повеќе од 200 килограми и долга повеќе од два метра, за која првичните проценки и реакциите на капачите сугерирале дека станува збор за ајкула.

Рибата, чија тежина според проценките на сведоците се движела меѓу 290 и 300 килограми, пливала непосредно зад еден капач кој во паника се обидувал што побрзо да стигне до плиткото. Откако мажот успеал да стигне до брегот, туната се насукала во плиткото, недалеку од објектот „Victors Beach“, на таканаречената Златна милја.

Набљудувачите набрзо утврдиле дека не станува збор за напад од ајкула, туку за дезориентирана и повредена туна која крвавела од жабрите. Сведоците наведуваат дека повредата најверојатно настанала при контакт со риболовна опрема или при судир со воден скутер.

„Да бев јас на негово место, веќе ќе се пос*рев во гаќи, односно во костимот за капење“, коментирал локалниот жител Камило Ороса за драматичната сцена од морето, додека други минувачи на социјалните мрежи додале дека глетката навистина изгледала како ајкула и дека во позадина недостасувала само познатата музичка тема од филмот „Jaws“.

Од друга страна, локалната претприемачка Џејд Блумберг, која влегла во водата за да му помогне на живото животно, истакнала дека туната била во голем стрес, но истовремено била огромна и прекрасна.

Собраните капачи организирале акција за спасување и со помош на лежалки и столови ја вратиле крупната риба назад кон подлабокото море. Во настанот никој од капачите не бил повреден, а снимките од несекојдневната глетка во Марбеља набрзо се прошириле на социјалните мрежи.