Хаусен го промени дресот во чест на својот идол: Си го остварив сонот

Дерби

11/08/2026

12:44

313

Големина на фонт

а а а

Дин Хаусен имаше подеми и падови во својата прва сезона како играч на Реал Мадрид, а сега втората ќе ја стартува со нова енергија и со сменет број на својот дрес.

Заминувањата на искусни фудбалери и носењето на нови засилувања донесоа ротации кај одредени фудбалери, со тоа што шпанскиот фудбалер реши да го земе бројот кој до пред два месеци го носеше Давид Алаба.

Хаусен ја избра „4-та“ како број кој ќе биде препознатлив за него во продолжение од кариерата во Реал Мадрид, сето тоа како инспирација да му се оддаде признание на човекот кој е негов идол.

– Мојот сон беше да заиграм за Реал Мадрид, а уште поголем сон да го носам дресот со број 4. Од најмали нозе, мој идол број еден беше Серхио Рамос.

– Тој го носеше овој дрес во Реал и за мене тој е вистинска легенда на клубот и на светскиот фудбал. Се уште се сеќавам дека играв со неговите копачки како мал, сакав да бидам како него. Покрај Рамос, дресот со број 4 го носеше и Фернандо Јеро, тој е уште една легенда и за мене ќе претставува голема чест да ја продолжам традицијата, – вели Хаусен.