Во центарот на Скопје се расчисти обид за кражба во која двајца малолетници се уапсени поради основно сомнение за разбојништво. Тие физички нападнале 14-годишно момче и се обиделе да му одземат пари, но биле фатени од полицијата.
Вчера во 20:40 часот на улицата „11 Октомври“ на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода двајца малолетници на Скопје на возраст од 15 и 13 години поради основано сомнение дека извршиле кривично дело „разбојништво“ во обид по член 237 во врска со член 19 од Кривичниот законик.
Според пријавеното, тие околу 20:00 часот на булеварот „Кочо Рацин“ физички нападнале 14-годишен малолетник од Скопје и се обиделе да му одземат пари, но откако не успеале побегнале од местото.
Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.








