Делови од општините Центар и Сопиште денеска без струја

Макфакс

11/08/2026

07:44

179

Големина на фонт

а а а

Денеска се очекуваат прекини во електричното снабдување во делови од општините Центар и Сопиште поради планирани технички зафати.

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека за денеска се планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во периодот:

· Од 09,00 до 11,00 часот дел од улицата Максим Горки и дел од улицата Мито Хаџивасилев Јасмин, општина Центар;

Од 09,00 до 12,00 часот село Горна Краста и село Јаболци, општина Сопиште.