Запрен сообраќајот на шест аеродроми во Колумбија по земјотресот

Макфакс

10/08/2026

16:30

157

Големина на фонт

а а а

Шест аеродроми во Колумбија се привремено затворени поради земјотрес кој предизвика оштетувања на нивната инфраструктура, што резултираше со целосен прекин на летовите.

Сообраќајот на шест аеродроми во Колумбија привремено е прекинат по земјотресот што ја погоди земјата. Одлуката ја потврди Националната агенција за цивилно воздухопловство (UAEAC).

Според информациите на агенцијата, прекинот на сообраќајот е поради регистрирани оштетувања на аеродромите во Переира, Манисалес, Кибдо, Арменија, Картаго и Буенавентура.

Сите летови на овие аеродроми во моментов се прекинати.