Вработен во Итна помош им се заканувал на медицински лица во Карпош

Макфакс

10/08/2026

16:40

173

Големина на фонт

а а а

На 9 август во Карпош, вработен во Итна медицинска помош се однесувал агресивно и упатувал закани со остар предмет кон здравствениот персонал, при што полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

На 9 август во 19:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 16:50 часот во здравствена установа на подрачјето на Карпош, Ф.С., вработен во Итна медицинска помош, се однесувал агресивно и со остар предмет упатувал закани кон медицинскиот персонал.

Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.