Потребно е време за водата во Гостивар да се прогласи за чиста за пиење, рече Ангелов

Макфакс

08/08/2026

13:00

334

Големина на фонт

а а а

Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување, истакнува дека иако состојбата со водата во Гостивар е значително подобрена, се уште е потребно време за официјално да се прогласи како чиста за пиење, што ќе се одлучи од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Состојбата со водата е значително подобрена и последните наоди покажуваат подобрување, но потребно е време таа да биде прогласена за исправна за пиење, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Тој посочи дека одлуката ќе ја донесе Агенцијата за храна и ветеринарство кога ќе биде потврдено дека водата ги исполнува потребните услови.

„Состојбата со водата е значително подобрена, последните наоди се подобри, но потребно е време за истата да биде прогласена за чиста за пиење. АХВ ќе го направи тоа кога водата ќе биде и хемиски и бактериолошки исправна за пиење“, изјави Ангелов.