Новак Ѓоковиќ предложи радикални промени во тенисот за да се зголеми популарноста меѓу младата публика, односно посочи дека е потребна коренита промена која ќе ја задржи новата генерација пред ТВ екраните, но и на трибините.
Српскиот тенисер посочи дека треба да бидат воведени промени според кои еден сет ќе се игра до 4 гејма, наместо до 6, побара да се тргне правилото за предност и гејмот да му припадне на оној кој ќе го освои првиот поен после 40:40, но исто така нагласи дека временската рамка на еден меч не треба да надмине два часа.
Ѓоковиќ смета дека овие правила ќе му помогнат на тенисот да ја врати публиката и популарноста која полека ја губи, но со неговиот став не се согласуваат сите, особено не оние кои се во полн налет и имаат енергија да се надигруваат во маратонски мечеви.
Жоао Фонсека доби еден маратон со Новак откако губеше со 2:0 на Ролан Гарос, а токму Бразилецот потенцира дека Новак дава вакви изјави поради фактот што има потешкотии на грен слем турнирите на кои се игра во три добиени сета.
– Јас го игравм Некст Џен турнирот во такво формат и имам добро искуство. Го освоив турнирот во Џеда пред две години, па не би се жалел многу и на такви правила. Сепак, сметам дека Новак предложува вакви промени поради своите физички можности. Тој ќе станува се постар и добро ми му дошло таква промена, – изјави Фонсека по победата над Стефанос Циципас во Монтреал.




