„Марка“: Барселона од втор план до пол-позиција за големата трансфер мета на Реал!

Дерби

07/08/2026

10:55

384

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид ја искористи пасивноста на Барселона за да привлече играчи како Кукурелја и Дамфрис во своите редови, а иако помина одредено време, се чини дека каталонскиот великан сега е подготвен да возврати со доста „низок удар“.

Родри цело лето се поврзува со Реал Мадрид и се чинеше дека ќе следи голема офанзива од „кралевите“ по комплетираниот трансфер на Јан Диоманде, но наместо тоа, сега дојде до голем пресврт во ситуацијата со МВП играчот од Светското првенство.

Искусниот играч за врска одигра неверојатно добар турнир во САД, Мексико и Канада и потсети на најдобрите денови кога ја освои „Златната топка“, па иако самиот му се додворуваше на Реал Мадрид, последните вести велат дека останал малку разочаран од неактивноста на „кралевите“.

Поради тоа, Родри ја активирал втората опција за која се шушкаше во тајност, а која полека станува чиста реалност по тешката повреда која ја заработи Френки Де Јонг.

Барселона денеска добила зелено светло од Родри да почне преговори со Манчестер Сити за голем трансфер, а иако ова не беше првичниот план на каталонците, тешката повреда на Де Јонг го менува курсот.

Како што јавува угледната „Марка“, Барселона од втор план дојде до пол-позицијата за ангажман на Родри, кој по индолентноста на Реал, сега гледа со доби очи да соработува со дури девет шпански репрезентативци и на клупски план.

Според проценките, трансферот на Родри треба да чини околу 50 милиони евра, а преговорите меѓу двата клуба се очекува да стартуваат во наредните 24 часа.