Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека денеска без водоснабдување ќе бидат:
– Поради уличен дефект на водоводна цевка од ф – 2 цола на улицата Ванчо Мицков бр. 13, во периодот од 09.00 часот до одстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Ванчо Мицков, општина Карпош;
– Поради уличен дефект ф-80мм на Рајко Жинзифов 32, прекинато водоснабдување од 08,00ч ќе имаат корисниците на дел од Рајко Жинзифов, дел од Владимир Полежиновски, дел од Стефан Јакимов-Дедов и дел од Борка Талевски, општина Центар;
– Поради дефект на затворач од ф – 100 мм на ул. 1 б.б во село Морани кај кружниот тек, во периодот од 08.00 часот до одстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од село Морани, општина Студеничани.






