Продолжува периодот на сончево и многу топло време, денеска температурата до 38 степени

Макфакс

07/08/2026

07:04

271

Големина на фонт

а а а

Повеќедневниот период на сончево и топло време ќе продолжи со максимални температури кои на некои места ќе достигнат и до 40 степени, а попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Времето во наредните денови

Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне до 40°C. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.