Општина Битола гради нов паркинг простор во центарот на градот, кој ќе вклучува 25 паркинг места, улично осветлување и атмосферска канализација, со цел да се подобри состојбата со сообраќајот во градот.
Изградбата на паркинг и улицата „Браќа Џаферови“ влегуваат во завршна фаза.
Од Општина Битола информираат дека денеска се асфалтирало и на оваа локација, а станува збор за површина од 1100 м2. Новиот паркинг простор ќе обезбеди 25 паркинг места, согласно проектот ќе има и улично осветлување, а изведена е и атмосферска канализација.
„Со ова Битола добива уште еден паркинг простор во центарот на градот. Вкупната сума на средства кои што ги обезбеди општината од својот буџет изнесува 2.752.772 денари. И на неколку други локации се работи на новите паркинг места во градот, што е заложба на општината за подобрување на состојбата со сообраќајот во централното градско подрачје“, велат од Општината.






