Полицијата во Тетово уапси 35-годишник кој се заканувал и вознемируваше својата поранешна сопруга, и покрај изречена условна мерка од судот за заштита од семејно насилство.
Вчера во 22:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода 35-годишниот А.А. од Тетовско.
Претходно, неговата 31-годишна поранешна сопруга пријавила дека и покрај решението од Основен суд Тетово со кое била изречена привремена мерка за заштита од семејно насилство и забрана за вознемирување, тој во повеќе наврати телефонски ѝ упатувал закани, а на 04.08. и 05.08.2026 ја вознемирувал на нејзиното работно место.
Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.






