Мицкоски и Николоски се фалат со туѓа работа, а единственото што го направија е што изгубија 60 милиони евра велат од СДСМ

Макфакс

06/08/2026

14:41

256

Големина на фонт

а а а

Статијата анализира критика од СДСМ кон Мицкоски и Николоски за нивното залагање околу железничката делница Крива Паланка – Деве Баир, посочувајќи дека тие се фалат со туѓи успеси, додека во исто време се загубени 60 милиони евра од европски фондови поради нивната неодговорност.

„Денеска Мицкоски и Николовски повторно се сликаат на „потпишување договори“ за железничката делница Крива Паланка – Деве Баир. Сакаат да прикажат дека тие обезбедиле пари. Вистината е сосема друга“, велат од СДСМ.

Пред три години, Владата на СДСМ и Македонски железници ги обезбедија парите:
ЕБОР – заем
175.000.000 €
EBRD +1
ЕИБ – заем
175.000.000 €
European Investment Bank +1
WBIF – инвестициски грант
149.164.044 €
IPA II – грант
60.765.000 €

Тендерот беше распишан. Фирмите-изведувачи имаа поднесено понуди. Сѐ беше подготвено за избор на изведувач, потпишување и вовед во работа.

Потоа дојде нова власт, нов министер и нов директор од ВМРО. Избор на изведувач не беше извршен. Тендерот пропадна. Парите стојат на наменска сметка и државата плаќа пенали за неповлечените пари од заем.

Резултат: Бидејќи 2 години не знаат што со себе- Македонија изгуби 60 милиони евра од европските ИПА фондови кои се дел од финансиската конструкција. Сега Мицкоски ги вади останатите пари и ги претставуваат како своја „нова инвестиција“.

Ова е класичен модел на оваа власт:

• да се присвојува туѓи резултати

• да се крие сопствениот неуспех

• да се фалат со нешто што самите го упропастија

Единственото што оваа Влада навистина направи со пругата кон Бугарија е да ја блокира и да изгуби 60 милиони евра.

За две години успеаа само во две работи: да ја задолжат државата со над 2,5 милијарди евра и да организираат криминални тендери. Сѐ друго е пропаганда и присвојување туѓа работа“, се наведува во соопштението на СДСМ.