Лото ливче вредно милион евра завршило во контејнер: Комуналните работници ѝ помогнале на сопственичката да го пронајде

Точка

05/08/2026

16:13

573

Големина на фонт

а а а

Лото ливче вредно еден милион евра било пронајдено во ѓубре во Италија, откако добитничката во паника им се обратила на работниците на комуналната компанија за помош во неговото пронаоѓање соопшти компанијата за управување со отпад.

Добитното ливче како по чудо остана цело откако работниците пребаруваа низ купишта отпад во камионот за ѓубре, изјави Роберто Никола Тоскано, директорот на компанијата САНБ во јужноиталијанскиот регион Пулија.

Тоскано објасни дека добитничката отишла во локална продавница во неделата за да го провери своето ливче по извлекувањето, но машината покажала дека билетот е „неисплатлив“ бидејќи помалите продажни места можат да исплаќаат само помали добивки.

Меѓутоа, жената, чиј идентитет не е откриен, не сфатила дека ја освоила главната награда.

„Добитничката секогаш играла со истите броеви, бидејќи биле поврзани со драга личност“, истакна Тоскано.

Кога се вратила дома од продавницата, член на семејството ѝ рекол дека нејзините вообичаени броеви се извлечени како добитни броеви. Веднаш се вратиле во продавницата, но таму откриле дека ливчето веќе било фрлено и дека ѓубрето во меѓувреме било однесено.

Тогаш му се јавила на Тоскана.


„Ја реконструиравме рутата на ливчето, без многу надеж дека ќе го најдеме, бидејќи веќе беше однесено од камион за ѓубре“, рече директорот на компанијата САНБ.

Сепак, со малку среќа, успеале да откријат за кој камион станува збор и да го сопрат.

Поради ризикот што го претставуваат потенцијално опасните материјали меѓу отпадот, возилото било однесено во специјализирана компанија опремена за ваков вид пребарување.

Повеќе од еден ден, работниците го пребарувале отпадот и пронашле различни парчиња хартија и нивни делови.

„Меѓу нив имаше дел од ливчето што го баравме, а кое чудесно остана цело“, рече Тоскано, додавајќи дека сопственичката се расплакала од возбуда кога ѝ ја соопштил добрата вест.

Сепак, спречувањето на катастрофата си имало цена - САНБ со седиште во Битонт, недалеку од Бари е јавна служба, што значи дека трошоците за пребарувањето инаку би биле на товар на даночните обврзници.

Меѓутоа Тоскано рекол дека жената морала да потпише изјава со која се обврзала да „ги покрие сите дополнителни трошоци“ настанати за време на пребарувањето, што на крајот се покажало како ризик што се исплатил, пренесе „Гардијан“.