Зеленски: Подготвени сме за мировни преговори во кој било формат

Макфакс

05/08/2026

08:16

457

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, истакна дека е подготвен за мировни преговори во кој било формат и ја потврди продолжената соработка со партнерите, вклучувајќи ја и поддршката од земјите од Персискиот Залив.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека земјата е подготвена за мировни преговори во кој било формат и дека соработката со партнерите продолжува. Зеленски го изјави ова синоќа, во своето вечерно обраќање.

Во своето обраќање, Зеленски детално зборуваше за контактите со претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Секојдневно сме во контакт со претставниците на претседателот Трамп, што е важно. На состанокот во Вашингтон разговаравме за создавање нови околности што би овозможиле вистинска дипломатија и работиме на тоа. Кирил Буданов, Рустем Умјеров, Давид Арахамија и Серхиј Кислица поднесоа извештаи, секој од својот дел од преговарачкиот процес, за моменталната фаза на преговорите и позицијата на Москва. Ќе бидеме подготвени за состаноци во кој било формат и очекуваме Виткоф и Кушнер да бидат активирани уште во август“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател, исто така, извести дека работата продолжува со други партнери, вклучувајќи ги и земјите од Персискиот Залив. Според него, тие би можеле да ги поддржат дипломатските напори и да помогнат во задоволувањето на безбедносните потреби на Украина.

 

фото/ Depositphotos