Земјотрес во Италија, епицентарот во близина на Пиза

Макфакс

04/08/2026

12:00

194

Големина на фонт

а а а

Земјотрес со јачина од 4,3 степени го погоди регионoт на Тоскана, Италија, со епицентар седум километри западно од Пиза. Потресот бил почувствуван во неколку градови, но засега нема информации за повредени или штети.

Земјотрес со јачина од 4,3 степени ја погоди Тоскана утрово, објави италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија.

Земјотресот е регистриран во 10:15 часот по локално време. Неговиот епицентар бил седум километри западно од Пиза, во област во близина на брегот, а фокусот бил на длабочина од осум километри.

Потресите ги почувствувале жителите на Пиза и Ливорно и околните делови на Тоскана. Локалните медиуми објавија дека земјотресот бил почувствуван и во Валдера, на брегот и во областа Версилија.

Кратко по земјотресот, бројни граѓани објавија на социјалните мрежи дека почувствувале силен, но краткотраен потрес.

Засега нема потврдени информации за повредени или голема материјална штета.

фото/Depositphotos