Нападнати две малолетни лица од Скопје во апартман во Охрид

Макфакс

03/08/2026

13:30

363

Големина на фонт

а а а

Две малолетни лица од Скопје биле физички нападнати во апартман во Охрид, полицијата работи на расчистување на случајот и поднесување на пријава против напаѓачот.

Две малолетни лица од Скопје биле физички нападнати во апартман на кеј „Македонија“ во Охрид, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Настанот бил пријавен вчера во 21:25 часот во СВР Охрид, во присуство на членови на семејството и претставници на Центарот за социјални работи Охрид.

Од полицијата информираат дека по целосно расчистување и документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.