Делегација на СДСМ оддаде почит во Пелинце по повод Денот на Републиката

Макфакс

02/08/2026

11:20

236

Големина на фонт

а а а

По повод Денот на Републиката 2-ри август, делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит пред меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, истакнувајќи ја важноста на борбата за слобода, рамноправност и достоинство.

По повод големиот празник 2-ри августДенот на Републиката, делегација на СДСМ предводена од заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска, заедно со потпретседателката Јована Тренчевска и членот на Извршниот одбор Андреј Жерновски, положи цвеќе и оддаде почит пред меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце.

„Нашите корени се во АСНОМ, во генерациите што ја поставија темелната вредност на соверемената македонска државата. СДСМ е наследник на АСНОМ, на највозвишениот идеал за Македонија, на борбата за слобода, рамноправност и достоинство. За многу години Илинден! Да живее Македонија!“, велат од СДСМ.