Жителите на кримскиот град Масандра останаа без струја поради украинските напади и чекаат на топли оброци што се подготвуваат на улица, соочувајќи се со големи тешкотии во снабдувањето со енергија и секојдневниот живот.
Жителите на кримскиот град Масандра, кои поради украинските напади останаа без електрична енергија, чекаат во ред за топол оброк што се подготвува на улица, јавува „Ројтерс“.
Во градовите низ Крим, полуостров што Русија го анектираше во 2014 година, во текот на летото има проблеми со снабдувањето со гориво и електрична енергија поради украинските напади врз електрани и друга инфраструктура.
Храната за жителите на Масандра се подготвува во големи садови поставени на отворено. Според градоначалничката на локалната управа, Оксана Маџуд, дневно се делат околу 200 топли оброци. На менито е хељда со загреано говедско месо од конзерва.
„Подготвуваме топли оброци за луѓето, бидејќи во овие услови не секој има можност да готви на електрични шпорети“, изјавила Маџуд.
Украина, која од почетокот на руската инвазија во 2022 година е под постојани руски напади, вели дека со ударите врз руска територија и подрачја под контрола на Москва се обидува „да ја врати војната дома во Русија“.
The Kremlin spent years bragging that Crimea was "forever Russian" and that the peninsula's integration was a historic triumph. Fast forward to 2026: in Yalta they're literally building courtyard kitchens so people in over 1,500 apartment blocks can boil water and cook because… pic.twitter.com/0Yyo4u5Q5G
— medoyid_ua (@LetsArmUKR) July 29, 2026
Жителите сведочат за тешкотиите во секојдневниот живот без струја. Марина, жителка на Масандра, раскажала дека поради болки во ногата тешко се симнува од станот на десетти кат, но прекинот на струјата ја принудил да бара плинско решо.
„Горе нема ништо. Имаме електричен шпорет и тоа е сè“, изјавила таа.
Друга жителка, Александра, дошла по оброк откако десет дена била без електрична енергија. Таа кажала дека струјата повторно била пуштена во нејзиниот дом, но не е сигурна дали повторно нема да има прекини.
„Денеска ја вклучија повторно во четири часот попладне, но не знам дали светлото ќе работи кога ќе се вратам дома“, рекла таа.









