Вкупно 15 пожари на отворен простор се регистрирани во државата, од кои пет се активни, еден е под контрола, а девет се изгаснати во текот на денот на различни локации.
До 18 часот денеска во државата се регистрирани вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои пет сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а девет се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.
Активни се пожарите меѓу селата Слатина и Грешница и од селото Девич кон Самоков во општина Македонски Брод, меѓу селата Делогожда и Татеши во струшко, кај селото Борино во Крушево и кај селото Баранци во битолско.
Под контрола е пожарот во општина Желино, меѓу селата Горна и Долна Лешница.
Во текот на денот се изгаснати девет пожари, и тоа во Велес, Струмица, Ѓорче Петров, Босилово, Валандово, Штип, Илинден, Сарај и Гостивар.





