Скопјанец ја претепал девојката во автокамп на струшкото крајбрежје

Макфакс

30/07/2026

12:30

295

Големина на фонт

а а а

Полицијата од Струга поднесе кривична пријава против млад човек од Скопје поради физички напад врз неговата девојка во автокамп на струшкото крајбрежје, при што таа се здобила со телесни повреди.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.М.(27) од Скопје.

Тој се сомничи за сторено кривично „телесна повреда“.

Имено според полицијата тој, во авто камп на струшкото крајбрежје, физички ја нападнал неговата девојка, која се здобила со телесни повреди.